ВТОРА ПОСЕТА НА 3-ТЕ СЕМЕЈСТВА
Денес, Недела, 09.02.2014 год. повторно бевме во посета на трите семејства од автокоманда кои се сместени во две импровизирани соби. Поучени од првата посета и од тоа што затекнавме тогаш, се потрудивме барем за малку да ја подобриме моменталната ситуација.
Благодарение на дарувањата во текот на седмицата, им доставивме храна, облека и обувки согласно возраста, беше даруван еден детски душек, а подот под самите душеци беше изолиран со стиропорни плочи.
АПЕЛ ЗА ПОМОШ:
Најголемата потреба за овие семејства е храна, шпорет и садови за готвење.