ОПОЖАРЕНА КУЌА ВО БУТЕЛ
Четврток, 06.02.2014 год. од страна на здружението направена е посета во нас. Бутел 2 во Скопје на опожарениот дом на Жаклина Слезенковска.
Поточно, на 16.01.2014 год, најверојатно од моторот од кујнскиот фрижидер избива пожар во кујната, изгорува целиот инвентар, апаритите за домаќинство, завесите, додека прозорците од кујната и дневната соба распукуваат од високата температура. Исто така пожарот зафаќа и дел од тоалетот и ходникот каде што е изгорува шифоњерот со постелнина и облека.
Сето ова се случува во ноќните часови додека спијат со својата ќерка и со својот син. "Господ ме разбуди, додека сеуште имаше време да се спасиме" ја сподели со нас својата сторија Жаклина.
Подаривме пакет со постелнина , а разговорот и беше повеќе од потребен. Остануваме во контакт со Жаклина и понатаму. На крајот на посетата не испрати со зборовите: "Господ да ве благослови, само да се среди овој неред, и јас ќе ви се придружам во работата што ја работите, да им помагате на луѓето во неволја"
Апел до сите добронамерни луѓе кои имаат желба и можност да помогнат на ова семејство повторно да го обнови својот дом.