ТОПОЛ ОБРОК ЗА БЕЗДОМНИЦИ
И денес се делеше топол чај и храна на бездомниците од Скопје. Покрај главниот настан кој се одржа од 12:00 - 14:00 ч пред Спомен куќата на МАЈКА ТЕРЕЗА, волонтерите на здружението ПОГЛЕД КОН ВИСТИНАТА со комбе ги поминаа поодалечените места во градот каде што бездомниците привремено преноќуваат. Беше поделена топла облека, обувки и ќебиња.
На оваа акција се придружија и дадоа голем придонес и волонтери од Охрид и Прилеп. Исто така, акцијата беше договорена и со Црвениот крст на Град Скопје.
На оваа акција се придружија и дадоа голем придонес и волонтери од Охрид и Прилеп. Исто така, акцијата беше договорена и со Црвениот крст на Град Скопје.