ПОСЕТА НА САМОХРАНИОТ РОДИТЕЛ БОРЧЕ
Вчера, нашите волонтери го посетија домот на самохраниот родител на три деца, Борче во Гевгелиско. На лице место се запознаа со ситуацијата во која Борче живее и се снаоѓа. Работи како наемен работник, но работа многу тешко наоѓа. Потребата од помош му е повеќе од потребна.
Во тек е собирање на поголема количина на храна, која сакаме да ја пратиме во Петок, 21.02.2014 год. Ве молиме да ни се придружите во комплетирањето на истата.
Покрај храна, моменталните потреби на ова семејство се школски прибор (тетратки, дрвени боици, темперни боици, блок бр 2 и бр.3), шампон за деца и возрасни, тоалетна хартија, прашак за перење, пешкири, сјај и сунгерчиња за садови.