10 АКЦИЈА ЗА ХРАНЕЊЕ НА БЕЗДОМНИЦИ
Иако цел ден беше врнежливо, сепак акцијата за хранење на бездомниците од Скопје се одржа и сите го добија редовниот оброк. Покрај храна и топол чај беше поделена и облека на повеќето од бездомниците за кои минатата недела беа запишани потребите.
За време на акцијата бевме посетени и од случајни минувачи, а исто така, од едно лице беше донирана и една полна кеса со продукти.
Им благодариме на сите добронамерни луѓе кои редовно донираат во нашето здружение, како би можеле да ги реализираме сите наши активности.